Во големиот салон на Галерија „Ко-Ра“ во Домот на културата „Коцо Рацин“ – Скопје вечер ќе се отвори изложба насловена СКИЦИ 2012 на група ликовни уметници од Куманово.
Во повеќе техники ќе бидат претставени дваесет експонати на осуммина уметници од повеќе генерации академски сликари – Марија Величковска, Момчило Аврамовски, Трајко Тошевски, Борис Кукунјавски, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовска-Бабата, Далибор Крстевски и Милена Христовска.
Изложбата ќе ја отвори историчарот на уметноста Роберт Цветковски.