Спогодбено решение за паричен надомест во меѓудржавниот спор Грузија против Русија пред ЕСЧП

Од:

Со денешната пресуда на Големиот судски совет во случајот на Грузија против Русија, Европскиот суд за човекови права, со 16 гласови „за“ и еден „против“ одлучи дека Русија треба да и плати на Грузија десет милиони евра за претрпена нематеријална штета на најмалку 1.500 грузиски државјани, јави дописникот а МИА.

Пресудата за правичен надомест беше донесена од Големиот судски совет составен од 17 судии.

Износот ќе се распредели на поединечните жртви со исплата на 2.000 евра на грузиски државјани кои биле жртви на колективно протерување, а од 10.000 до 15.000 евра ќе им се исплати на лицата кои незаконски биле лишени од слобода, а отштета ќе земат и лицата кои преживеале нечовечки и понижувачки услови на притвор според Европската конвенција за човекови права.

Во пресуда донесена на 3 јули 2014 година, Судот наведе дека во есента 2006 година имало координирана политика за лишување од слобода и притвор во Руската Федерација, протерување на грузиски државјани и дека тоа претставува административна практика во смисла на праксата на Конвенцијата.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте