Промовиран Проектот за зајакнување на граѓанското општество за ефикасни реформи во правосудството

Од:

Поддршка на граѓанскиот сектор за оценка на перформансите на правосудниот сектор во соработка со засегнатите страни од јавниот сектор, обезбедување правна помош за граѓаните и подобрување на партнерства меѓу затворите, пробациската служба и организациите од граѓанскиот сектор за промовирање на рехабилитацијата и социјалната вклученост, вклучувајќи едукација, работа и други активности се целите на проектот за „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“ што денеска беше промовиран во ЕУ инфо центарот во Скопје.

-Партнерскиот однос на Министерството за правда со невладините организации е нешто што е секојдневие. Почнувајќи од изработката на закони, до спроведување на анализи и преку поддршката во имплементација на овие законски решенија, рече министерката за правда Рената Дескоска.

Проектот што денеска се промовира, како што посочи таа, практично ќе значи продлабочување на соработката што треба да даде клучен придонес во работењето на Министерството за правда.

– Овој проект што е дел од ИПА II Акциска програма 2014 „Поддршка на секторот правда“ меѓу другото е насочен кон унапредување на судската реформа и унапредување на човековите права согласно правото на ЕУ, рече министерката за правда.

Френк Јанмат, претставник од Делегацијата на ЕУ во Македонија вели дека со проектот ќе се зајакне соработката на владата со граѓанското општество за ефикасни реформи во правосудниот сектор, во согласност со интернационалните и ЕУ стандарди.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.051.000 евра, а максималниот износ на висината на поединечен грант е 200.000 евра.

Корисници на грантовата шема се Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Асоцијација за развојни иницијативи ЗЕНИТ, Здружението на граѓани Институт за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, Асоцијацијата за демократска иницијатива и Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“, Македонско здружение на млади правници и СОС Детскo селo Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Environmental Management and Law Association, Унгарија и Национален Ромски центар и Здружение СИМБИОЗИС 12

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он