А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено нешто во кое СДСМ ги обедини граѓаните е сиромаштијата

by А1он31/01/2019 - 09:40119
Share0

„СДСМ веќе трета недела бега од предвремени парламентарни избори. СДСМ и аболицираниот Заев бегаат од соочување со граѓаните. Бегаат од истите оние 1,2 милиони граѓани чија волја не ја испочитуваа по неуспешниот референдум за промена на уставното име, идентитетот, јазикот и историјата. СДСМ упорно бега од гневот на граѓаните за неостварените ветувања и разочарувањата кои тие им ги сервираа на своите гласачи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Стравот на криминалната и одродена власт од волјата на граѓаните е разбирлив со оглед на пустошот кој за само две години го направија во нашата Македонија. Стравот е огромен поради неостварените ветувања за петстотини евра просечна плата, решение на проблемот со аерозагадувањето кое годишно зема илјадници животи, враќање на младите назад во државата, поголеми пензии и таканаречено едно општество за сите.

Од просечната плата од 500 евра нема ни трага ни глас, главниот град Скопје редовно е во топ десетте најзагадени градови во светот, повеќе од 80 проценти од младите сакаат да ја напуштат државата, растот на пензиите е замрзнат, а наместо едно општество за сите, македонското општество никогаш не било по поделено. Единствено нешто во кое СДСМ ги обедини граѓаните е сиромаштијата, со оглед на фактот што над 400 илјади граѓани живеат со по еден оброк дневно. Граѓаните се осиромашени со погубните политики на власта и економија кога е во слободен пад, зголемени давачки кон државата, пазарџии оставени без своето парче леб.

На граѓаните им е доста од црнилата олицетворени во власта на аболицираниот Заев, граѓаните ја чекаат зората, чекаат подобро утро. Граѓаните се погласно бараат реални политики и решенија за нивните проблеми, на местото на лагите и манипулациите сервирани од актуелната власт. Зората доаѓа, зората која ќе ги порази црнилата, зората која ќе го испрати Заев и неговата тајфа тразнициони политичари на маргините на историјата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube
vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Горан Наумовски15/05/2026 - 09:04

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Горан Наумовски13/05/2026 - 09:04

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:03

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто