ЕК бара од земјите членки на ЕУ да се произнесат за Унгарија

Од:

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, го повика Советот на ЕУ да се произнесе за состојбата во Унгарија откако Европскиот Парламент гласаше за суспендирање на правото на глас на Будимпешта поради нарушување на владеењето на правото, но по романското претседателство останува неизвесно дали ќе има конкретни мерки.

Европскиот Парламент денеска повторно одржи дебата за состојбата со фундаменталните права и владеењето на правото во Унгарија, неколку месеци откако гласаше за активирање на членот седум, познат како „нуклеарна опција“ против земјите членки кои ги нарушуваат начелата на владеењето на правото, односно суспендирање на правото на глас на земјата во ЕУ на одредено време.

На дебата се обрати потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, задолжен за процедурите за владеење на правото и фундаменталните права, тој потсети дека ЕК продолжува да покренува постапки против Унгарија за сите мерки кои одат против правото на ЕУ.

-Жалам што сѐ уште не му беше дадена можност на Европскиот Парламент да го презентира своето мислење пред Советот, Европската Комисија го изложи својот преглед на состојбите, Советот ги има сите клучни елементи за да презентира проценка, рече Тимерманс.

Позицијата на Европарламентот за нуклеарната опција против Унгарија не може да се материјализира сѐ додека не биде одобрено од Советот, односно од земјите членки, каде одлуката се носи едногласно. Полска веќе стави на знаење дека ќе ја брани Унгарија. Романија, која исто така се соочува со закани за слични процедури поради напади врз судството и обвинителството, и која претседава со ЕУ до јуни, треба да ја стави точката на дневен ред.

Јудит Саргентини, европратеничката која го напиша извештајот за членот седум против Унгарија, исто така, побара од романското претседателство да се активира.

-Интерни документи покажуваат дека Унгарија се обидува да го забави процесот со тоа што ги преплавува колегите во Советот со бирократија, купуваат време, што не е изненадување, но сега кога е официјално бараме од романското претседателство да излезе со распоред, унгарските граѓани имаат право да знаат што планирате да направите, бараме од вас да преземете одговорност, да ме поканите во Советот и да започнеме реален процес, повика Саргентини.

Романското претседателство меѓутоа не даде прецизен одговор на барањата.

-Подготвени сме да ве држиме информирани за развојот на настаните, ве уверувам дека претседателството ќе обрне внимание на гледиштата искажани за време на оваа дебата, ги слушнавме барањата и остануваме отворени за прагматичен пристап, рече претставничката на романското претседателство, Меланиа Чиота.

Саргентини предупреди и дека откако е изгласан нејзиниот извештај не само што нема подобрување во Унгарија, туку состојбата се влошува постојано.

-Бездомништвото стана казниво, ЦЕУ е приморано да замине, има нов административен суд под контрола на министерот за правда, господинот Груевски доби бегалски статус веднаш, помина робовладетелскиот закон, рече пратеничката.

Критики дојдоа од речиси сите политички партии, освен ултрадесничарските. Од политичкото семејство на Виктор Орбан во ЕП, Европската Народна Партија, не интервенираа пратеници од западните европски земји во негова одбрана. Збор зема луксембуршкиот европратеник од ЕПП, Кристоф Хансен, кој застана на иста линија со критичарите на Орбан.

-Груевски доби безбеден премин за да побегне од правдата, доби статус и дури државјанство, тврдеше Хансен на денешната дебата, тој побара од европските институции да преземат конректни мерки против земјите кои го нарушуваат владеењето на правото преку скратување на европските фондови за овие земји.

Сопартијците на Орбан од Фидес и неколку пратеници од крајната десница го обвинија Европскиот Парламент и Европската комисија дека оваа дебата се организира само како обид да му се наштети на унгарскиот премиер пред европските избори.

Теза која енергично ја отфрли потпретседателот Тимерманс. Тој истакна дека освен тековните прекршочни процедури кои ги води ЕК против Унгарија, таа чешла и нови случаи.

Европската комисија сега го разгледува „робовладетелскиот“ закон поради кои Унгарците со недели протестираат. Комисија, рече тој, разгледува дали овој закон согласно правото на ЕУ и бара објаснувања од Будимпешта. Брисел го разгледува и новиот медиумски конгломерат под контрола на биснисмен близок на Орбан и кој е изземен од надзор на релевантната власт. Освен тоа, ЕК го разгледува и новиот административен судски систем под контрола на владата. Овој судски систем, потсети Тимерманс, е етаблиран пред да се добие мислењето на Венецијанската Комисија.

-Унгарија суверено одлучи да стане членка на ЕУ, ако одлучите да станете член на организацијата заснована врз меѓународна повелба, треба да ги почитувате правилата на тие повелби, Комисијата има задача да провери дали се почитуваат правилата, посебно владеењето на правото и сепарацијата на властите, и независноста на медиумите, рече Тимеманс додавајќи дека Унгарија има голем бенефит од членството и солидарноста во ЕУ, но дека членството во ЕУ подразбира и обврски, не само права.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп