Секој седми Канаѓанин е сиромашен

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, секој седми Канаѓанин или речиси пет милиони луѓе, живеат во сиромаштија, а меѓу нив и 1,3 милиони деца.

И покрај фактот што Канада има добар систем на социјална заштита и за сиромашните издвојува милијарди долари годишно (сите кои не работат добиваат социјална помош, но таа последниве години се намали за една петтина), околу 235.000 Канаѓани живеат на улица или во привремени прифатилишта.

Во Викторија, мал град со околу 300.000 жители, ги има повеќе од 5.000, а во Ванкувер, кој е убав, модерен град, цела една улица во центарот е преплавена со бездомници.

Најновото истражување на Ројал банка, една од најсилните канадски банки, покажува дека на просечно семејство со двајца вработени во Ванкувер, за да ги покријат трошоците за купување куќа, му се потребни 88 отсто од приходите во домаќинството, а во Торонто 74 отсто.

Според истото истражување, просечна цена на изнајмена куќа изнесува 2.206 канадски долари, што е за 11 отсто повеќе отколку во првите три месеци во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Канада возврати на царините на Трамп

Тревога во Отава: „Заклучете ги сите врати”, бројни полициски сила се на терен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани

Катерина Ѓуровски

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните