Рангирањето на Македонија на „Транспаренси“ подобро од претходното, Владата се уште незадоволна

Од:

Рангирањето на Македонија во извештајот на „Транспаренси интернешенл“ според Владата не е извонредно и не е за гордеење, но е подобро и има напредок од 14 места во однос на претходниот пат.

Ваква оценка дадоа денеска вицепремиерите и министри за одбрана Радмила Шекеринска, за надворешни работи Никола Димитров и за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање за најновото рангирање на Македонија во извештајот на „Транспаренси интернешенл“ во кој држаата е рангирана на 93. место според Индексот на корупција за 2018 година.

– „Транспаренши интернешенл“ излезе со извештај пред некое време во кој Македонија нема извонредно место, но има 14 места подобар скор отколку претходниот пат и ова не е оправдување, само најава. Нема познат случај каде што една држава со нож или со една одлука или пак со десет одлуки преку ноќ ја завршила успешно борбата против корупцијата. Ние почнавме две политики кои ги покажаа првите резултати. Не е возможно да се борите против корупцијата, ако нема транспареност. Не е возможно да кажете дека не сте злоупотребиле власт, ако не сте подготвени да покажете се на виделина. Знаете дека за разлика од порано, најголемиот дел од податоците се достапни. Се трудиме секогаш да ги објавиме. Влада што нема што да крие, ќе води политика на транспареност. Така ние ја водиме работата, рече Шекеринска.

Таа додаде дека вториот инструмент што и е на располагање на Владата е Државната комисија за спречување на корупцијата. Наше беше, рече Шекеринска, да предложиме добар закон. Иако постоеше голем сомнеж, покажавме дека тоа што го најавивме го реализираме. Затоа реализиравме антикорупциска комисија што ќе треба да ги исполни највисоките стандарди за професионалност и независност, но во исто време ќе ги има инструментите, орудијата, да истражува, да има пристап до податоци, да може да ги контролира и политичките партии, сите типични слабости на Македонија.

Според Шекеринска тоа не е доволно, но оцени дека еден дел од работата и не може да биде завршен само од Владата. – Ние, рече, го даваме тонот, ја даваме рамката, го покажуваме однесувањето. Но еден дел од борбата против корупција зависи од органите во кои не смееме да се мешаме, а тоа е обвинителството и судството. И не случајно Македонија ги носи новите закони за да обезбеди посилна борба против корупцијата и поголема заштита за човековите права.

Министерот за надворешни работи потенцира дека најновото рангирање не е за гордеење, но оти е подобро од претходниот пат што, според него покажува дека правецот е добар, меѓутоа е далеку од таму каде треба да бидеме и каде што сакаме да бидеме.

– Дваесет месеци е оваа Влада, од 1 јуни откако ја презеде власта. Правецот е очигледно сосема обратен од претходниот, односно е добар, рече Димитров, кој смета дека ова е важен мотивирачки фактор и добро е да има притисок во тој правец и сето тоа да се стави во вистинска перспектива.

Министерот Спасовски смета дека Македонија е таму каде што е, поради политиките што беа спроведувани во минатото и резултатите што биле во однос на борбата против корупцијата.

– Борбата против корупцијата не е прашање на една институција, туку на многу институции. Исто така е прашање на реформи. И сметам дека политичката волја на оваа Влада за борбата против корупцијата е јасно изразена преку создавање законски можности за ефикасност во работењето, рече Спасовски.

Напоменувајќи што има преземено Владата рече дека првпат по долги години се прави стратегија и веќе се имплементира во делот на финансиските истраги и конфискацијата на имот. Првпат по многу години има конфискација на имот во водењето на постапките, направен е национален координативен центар за борба против криминалот и корупцијата и веќе се ефектуирани одредени резултати.

– Селективност во борбата против корупцијата не смее да има и мора со сите сили да се справиме против бандитизмот што ги разорува институциите и кои ги јаде новите работни места заради тоа што токму корупцијата во институциите, коруцпијата на високо ниво ги јаде работните места преку спречување на развојот на државата, истакна министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада