(ВИДЕО) Мицкоски: До 5 февруари ќе бидат познати пријавените кандидати за претседател

Од:

До 5 февруари ќе бидат обелодените имињата на сите кои ќе се пријават на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, најави лидерот Христијан Мицкоски на прашање дали партијата ќе ја поддржи евентуалната кандидатура на професорката Гордана Силјановска, откако вчера 30-тина професори испратија отворено писмо со поддршка за нејзина кандидатура како натпартиска личност.

„За претседтаелски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ сите кои ќе достават пријава до конвенцијата, јавноста ќе биде информирана не подоцна од 5 февруари за кандидатите, а за претседателски кандидат ќе почекаме до 16 февруари и преку тајно гласање да го избереме најдобриот“, рече Мицкоски.

Досега е познато дека во ВМРО-ДПМНЕ има две кандидатури, од пратеникот Влатко Ѓорчев и од уште еден партиски член.

И од владејачкиот СДСМ тактизираат и не го откриваат својот кандидат, кој, како што најавија, ќе го изберат на 3 март.

Она што е познато е дека партијата ги мери рејтинзите на повеќе министри и функционери на СДСМ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Опозицијата да се вразуми и да работиме заедно

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Мицкоски: Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

Мицкоски: Ќе се преиспита случајот со увозот на мазут

Мицкоски: Денес нè нарекуваат бугарофили, утре ќе измислат нешто друго

Горан Наумовски