Димитров до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Мора да научиме да служиме на цел, на кауза или идеја, не да служиме на личност

Од:

За жал дел од вас се уште се во старото, ќе ве чекам да дојдете во новото, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, реплицирајќу му од собраниската говорница на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски во текот на расправата за неговата интерпелација, која ја поднесе опозициската партија.

Вељаноски му забележа на Димитров дека во неговото обраќање пред пратениците во врска со интерпелацијата цитирал ставови и мислења на светски лидери за Договорот од Преспа, но не ги кажал ставовите на граѓаните. Додаде дека Димитров ставал акцент на оние кои гласале позитивно на референдумот од 30 септември минатата година, но ниту еднаш не ги зел предвид оние кои не се изјасниле.

Димитров му одговори дека од почетокот на неговата кариера, по завршувањето на Правниот факултет во 1996 година досега секогаш служел на каузата за Македонија. И периодот во Хаг, како што рече, го искористил да се бори за таа кауза кога тогаш била поврзана со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во врска со Времената спогодба, но додаде дека заради лошата политика земјава не можела да ја искористи пресудата.

Во еден период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, решил да си ја напушти професијата, бидејќи тогашната влада фатила свој правец.

-Мора да научиме да служиме на целта, на каузата или на идејата, не можеме да служиме на личност. И ден денес ВМРО-ДПМНЕ не може да расчисти дали ќе и служи на каузата или на лидерот, дури и тогаш кога лидерот го губи компасот. Вашата дрскост да зборувате за мојот карактер говори за вас. Јас за вашиот карактер не сакам да разговарам, му порача Димитров на Вељаноски.

Тој му реплицираше дека ако на претседателските избори излезат 39 отсто од гласачите и 99 отсто од нив својот глас го дадат за Димитров, тој нема да дојде и да даде заклетва во Собранието, туку ќе има нови избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште