Барли: Нема простор за нови преговори меѓу ЕУ и Британија

Од:

Германската министерка за правда Катарина Барли денеска изјави дека нема простор за повторни посериозни преговори за договорот за Брегзит.

– ЕУ може да биде флексибилна за датумот за излезот на Британија, но Лондон мора да има план за одложување кој би имал смисол, додаде таа.

Катарина Барли, која е полубританка и долго се залага за втор референдум, изјави дека такво гласање е „се поверојатно од ден на ден“ земајќи го предвид политичкиот хаос во Британија.

Светските агенции, повикувајќи се на неименуван извор во Владата, денеска јавија дека британската премиерка Тереза Меј изгледа дека не планира на 13 февруари во Парламентот повторно да се гласа за нејзниот договор со ЕУ за Брегзит.

Претходно „Скај њуз“, исто така повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Меј вчера во разоговор со конзервативни пратеници рекла дека за 13 февруари планира повторно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит.

Договорот претходно беше отфрлен со мнозинство гласови.

Меј во меѓувреме рече дека планира да обезбеди отстапки во врска со границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска, за да добие поддршка од пратениците од нејзината партија кои се за Брегзит и од малата северноирска партија која ја поддржува нејзината влада.

Британските пратеници денеска ќе гласаат за неколку необврзувачки амандмани на плановите на Меј, кои таа ги поднесе по гласањето со кое се отфрли нејзниот договор со ЕУ за Брегзит.

Со еден од клучните амандмани се обидува да се обврзе Владата повторно да преговара за таканаречениот „бекстоп“ кој трeба да гарантира отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска по Брегзит. Со друг се предлага продолжување на преговарачкиот процес за Брегзит по март.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно