Во Скопје од сообраќај исклучени 34 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената

Од:

Изминатите 24 часа во Скопје полицијата санкционирала 34 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала 25 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 18 возачи за не носење сигурносен појас, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, еден возач за неправилно престројување, како и пет возачи за не поседување зимска опрема во возилата.

Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, а затекнати биле 66 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози