„Индепендент”: Албанија е Колумбија на Европа

Од:

Албанија се претвори во „Колумбија на Европа”, констатира угледниот британски весник „Индепендент” во истражувачката сторија за одгледувањето и трговијата со дрога од Албанија кон други делови на Европа.

Новинарот Борзоу Дарагахи во написот прави приказ не само за одгледувањето и трговијата со канабис, туку и трговијата со тешки дроги.

-Се почна кога владата одлучи да се бори против плантажите со канабис во Лазарат. Ова предизвика нарко дилерите да го прошират „полето на делување“, шверцувајќи не само канабис, туку и кокаин и хероин. Групите албански шверцери се први во светот во трговијата со кокаин, хероин и канабис. Само од трговијата со канабис за една година се заработува четири милијарди евра, што е половина од БДП на Албанија, наведува новинарот.

Според „Индепендент”, во време кога албанските официјални лица известуваат дека запленуваат 10 отсто од количеството на дрога што се шверцува, западен дипломат укажува дека тој процент е помал и оценува дека Албанија сега се претворила во нарко-држава.

Весникот наведува дека според информациите од нарко каналите, „најжестоки“ години за шверц биле 2015-2016 година. Во статијата цитиран е и западен дипломат, чие име не е објавено, но она што тој го кажува е многу силно.

-Албанија е Колумбија на Европа. Таа е производител и дистрибутер на дрога во Европа. Таа е нарко-држава. Тие ќе изгубат многу пари ако се откажат од шверцот за да влезат во ЕУ, изјавил западниот дипломат за весникот.

Според него се запленуваат само пет отсто од дрогата која се шверцува.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски