Градоначалникот Богдановиќ и Општина Центар со благодарност за пречекот организацијата на празникот Св. Сава

Од:

Општина Центар и градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, сакаат да ја изразат својата благодарност за пречекот и организацијата на вчерашното одбележување на празникот Свети Сава, односно Светосавската академија.

Св. Сава е православен светец, во својот живот духовен лидер, просветител, писател и добротвор, но пред сѐ, голем и хуман човек. Празнувањето на Националниот Ден на Србите во Република Македонија се организира традиционално, секоја година.

Градоначалникот Богдановиќ беше домаќин на високи македонски и српски делегации, предводени од покровителот на Светосавската академија, премиерот на РМ, Зоран Заев. Покрај премиерот Заев, присутни беа Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Директорот на Управата за унапредување на јазиците и заедниците, Мирослав Станчиќ и пратеникот Мирослав Јовановиќ.

Од меѓународните претставници на одбележувањето беа Александар Вулин, Министер за одбрана на Република Србија, Синиша Каран, Шеф на кабинет на Претседавачот со претседателството на БиХ, како и Претседателот на одборот за дијаспора и срби во регионот при Собранието на Република Србија, Миодраг Линта.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски