(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски очајнички бара избори, а не знае колку негови пратеници ќе го поддржат

Од:

Иницијативата за распуштање на пратеничката група е очајнички обид на Мицкоск, затоа што е во паника поради приемот на Македонија во НАТО, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Мицкоски не знае колку од неговите пратеници ќе го поддржат за иницијативата. Тој не постапува ниту државнички ниту одговорно. Мицкоски го чека пораз и може да размислува за оставка“, изјави Костадинов.

Владата влегува во економски поход, се најавуваат нови инвестиции и реформи и ние нема да доволиме тоа да го спречи ВМРО-ДПМНЕ, додаде Костадинов.

На новинарско прашање дали ова значи дека СДСМ веќе не размислува на предвремени парламентарни избори, Костадинов рече дека за тоа ќе одлучи извршниот одбор на партијата и ќе ја соопшти одлуката до крајот на неделата.

„Не значи дека предвремени не се во игра. Ние транспаренто ги носиме одлуките. Некои се ‘за’, други се ‘против’ избори, но сепак крајната одлука ќе ја каже извршниот одбор“, рече Костадинов.

Тој на крајот од својата прес-конференција додаде дека иницијативата за распуштање на Собранието тие нема да ја поддржат. Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, според процедурите, на собраниска седница ќе се најде за два дена бидејќи за утре е закажана расправа за интерпелацијата на Никола Димитров.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица