Цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар повисоки на месечно, пониски на годишно ниво

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во декември 2018 година се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а пониски за 0,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 отсто, капитални производи за 0,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто.

Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 6,4 отсто и капитални производи за 0,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата