Болтон: Во случај на насилство следи „значителен одговор“

Од:

Советникот за национална безебдност на американскиот претседател Џон Болтон вчера ја предупреди владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро дека какво било насилство или заплашување на дипломатскиот персонал на САД, на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо би наишло на „значителен одговор“.

– Какво било насилство или заплашување на американскиот дипломатски персонал, на демократскиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо или на Народното собрание претставува тежок напад врз владеењето на правото и ќе наиде на значителен одговор, напиша Болтон на Твитер.

Болтон посочи дека е „добро позната“ кубанската поддршка и контрола врз безбедносните и паравоените сили на Мадуро.

Мадуро претходно ги обвини САД дека планираат инвазија врз Венецуела, како и оти продолжуваат со обидите за државен удар.
Тој при вчерашната посета на две воени бази западно од Каракас повторно упати апел до војниците да останат лојални на неговата влада, додека опозицијата во касарните подели копии од усвоениот Закон за амнестија.
На 23 јануари претседателот на венецуелскиот Парламент и опозициски лидер Хуан Гуаидо се прогласи себе си за претседател на Венецуела, што Мадуро го оцени како пуч во организацијата на Вашингтон.

Во меѓувреме САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Еквадор и Парагвај, како и дел од земјите-членки на Европска унија го признаа Гуаидо, додека Русија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор и Турција го поддржуваат Мадуро.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак