СДСМ: Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, а токму влезот во НАТО и растот на платите се најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски.

На агендата на Владата предводена од СДСМ се странски инвестиции, поврат на ДДВ за физички лица, раст на плати и нова победа на следните избори.

Влада која сите свои капацитети ги вложува во силна економија и која создава шанса за сите граѓани не размислува за оставка, туку за интерсите на граѓаните.

Економскиот поход на Владата предводена од СДСМ го тера Мицкоски на панични партиски реакции затоа што тој размислува само за својот и за интересот на неговите антизападни ментори.

После поразот на следните избори, нека размислува за сопствената оставка.

Владата влегува во економски поход и најважни се интересите на граѓаните, а не антизападните интереси на Мицкоски

СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и поради тоа ќе однесе голема победа на претседателските избори и на парламентарните, кога и да се одржат“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација