(ВИДЕО) Стоилковски: Дали граѓаните на Македонија се должни да го плаќаат приватниот превоз и приватните состаноци на СДСМ?

Од:

СДСМ ја поистоветува државата со партијата. Прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Граѓаните им ги плаќаат возењата и партиските состаноци тука во седиштето на СДСМ на партиските фунцкионерите на СДСМ, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Мила Царовска, кои се министри во владата на партиски состанок доаѓаат со службени возила. Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска незаконски користат службени возила вон работно време и за приватни средби. Според тоа што беше објавеното во медиумите, министрите не беа единствени кои што користеа службени возила и се превезуваа за партиски потреби, злоупотреби имаат направено и од голем број на директори и други избрани и именувани функционери од оваа партија, рече Стоилковски.

Тој запраша дали граѓаните на Македонија се должни да го плаќаат приватниот превоз и приватните состаноци на СДСМ.

– Дали е ова департизацијата на администрацијата која што ја ветуваа и за која зборуваа на цел глас? Злоупотребата на државни возила за партиски цели е врв на партизација на државата. Ова покажува дека СДСМ не прави разлика помеѓу партијата и државата. СДСМ мора да одговори, колку ги чини граѓаните еден состанок на ЦО на СДСМ, во смисла на возила, шофери, гориво и амортизација на возилата кои што се наплаќаат од Буџетот од граѓанитена Република Македонија. Злоупотребата на државните ресурси е уште една причина СДСМ да си замине од власт, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот