Патот до затворот Кшање во Куманово непрооден

Од:

Поради високите наноси од снег, затворот во село Кшање не фунционира редовно, соопшти денеска директорот на казнено-поправната установа, Марјан Спасовски.

Наносите од снег на приодот кој води до затворот на одредени места изнесуваат и два метри. Попладневно по барање на одговорните од затворот, општина Куманово испратила возило за расчистување на патот, но тоа не успеало да го расчисти поради високите наноси од снег.

-Поради конфигурацијата на теренот, на патот кој води до затворот има наноси кои воопшто не можат да се исчистат, изјави директорот Спасовски.

Тој информираше дека од вчера поради дефект, установата е без струја и се користат агрегати. Во дефект е и телефонската линија. Проблем претставува и дистрибуцијата на храна бидејќи економските оператори се оневозможени да ја достават.

-Се надеваме дека во текот на утрешниот ден, проблемите ќе се надминат, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Силни врнежи и снег во западните делови, студен бран ја зафати државата

Претпладне дожд, попладне снег