Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион пред полетување заглавил во нанос од снег

Од:

Скопскиот аеродром од 22:45 часот беше затворен за сообраќај, откако воздухоплов на компанијата „Германија“ тип Ербас 321 со околу 200 патници, пред полетување за Цирих заглавил во нанос од снег.

Како што информираше претседателот на Управниот одбор и директор во МНА-В Николче Тасески, во моментов е завршена операцијата за одглавување на воздухопловот со помош на возила за push back од ТАВ.

-Во воздухопловот нема повредени патници и физички оштетувања на истиот. Компанијата го откажала летот и се очекува да биде реализиран во текот на денешниот ден, истакна Тасески.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје