Рударска брана пукна денеска во југоисточниот дел на Бразил, поплавувајќи го подрачјето во близина на населбата Вила Фертеко, што предизвика страв од ширење отровен отпад и можно загадување на животната средина.
Бразилската рударска компанија „Вале СА“ соопшти дека се уште нема информации за евентуални жртви или повредени, но наведе дека рударскиот отпад стигнал до населбата Вила Фертеко и до административните канцеларии на државата Минас Жераис.
New environmental mining disaster caused by Vale in Brazil today #Brumadinho #MinasGerais #Vale pic.twitter.com/fy4ZpBiNkQ
— Luciane Moessa (@lumoessa) January 25, 2019
Како што пренесуваат локалните медиуми, делови од градот се евакуирани и пожарникарите ги спасувале луѓето со хеликоптер и со возила.
Претседателот Жаир Болсонаро напиша на Твитер дека жали поради овој инцидент и информира дека испратил тројца министри во таа област.