(ВИДЕО) Заев – Шарец: Земјите од регионот влегуваат во ера на траен мир и поврзување

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како дел од својата агенда за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, оствари средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец.

Оваа прва средба со словенечкиот премиер Шарец, Заев ја искористи за да му честита на неговиот колега за изборот за претседател на Владата на Словенија и да му посака успех во реализацијата на мандатот.

На средбата двајцата премиери ги констатираа одличните односи меѓу двете земји, меѓу кои нема отворени прашања и кои негуваат динамична соработка во повеќе области.

Заев меѓу другото го информираше словенечкиот колега за актуелните процеси што ги презема Македонија за оваа година да почне ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во алијансата, како и за спроведувањето на реформите како предуслов за отворање на поглавјата во преговорите со ЕУ.

Заев го информираше премиерот Шарец за текот на имплементацијата на договорот од Преспа како решение за отвореното прашање со Грција и дека неговото затворање е заеднички влог за траен мир и просперитет на Балканот.

Новиот амбиент што се отвора за регионот со решавањето на ова прашање, како и со забрзувањето на интегративните процеси и во другите земји на Западен Балкан, е од особен интерес и за Словенија, констатираа премиерите и додадоа дека тоа ја отвора можноста и за придобивки од економските потенцијали во регионот.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада