ПССЕ бара да им се гарантираат правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа, го повтори својот повик до земјите-членки „да одговорат позитивно и да посветат посебно внимание” на потребите на лицата коишто им припаѓаат на националните малцинства и да ги гарантираат нивните права”, онака како што е утврдено од страна на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во дебатата, шведскиот пратеник Томас Хамарберг, инаку и поранешен комесар за човекови права на Советот на Европа и добар познавач на оваа проблематика, направи анализа.

Имено земјите кои се спротивставуваат на ратификацијата на рамковната конвенција, тврдејќи дека не „знаат што е национално малцинство“, бидејќи нема точна дефиниција, тоа според него не е слабост, туку предност на конвенцијата, бидејќи таа дозволува да се земат во предвид потребите на сите лица случај по случај.

Поранешниот комесар за човекови права ги повика сите земји кои се уште не ја имаат прифатено Рамковната конвенција да го направат тоа. Но не е само ратификацијата, важна е и практиката, нагласи Ханрберг.

Со усвојување на резолуција врз основа на извештајот на Виорел Рикард (Романија, Народни партии), парламентарците потсетија дека во 2006 година на Собранието побара од четирите држави кои ја потпишаа Рамковната конвенција но се уште не ја имаа ратификува , Белгија, Грција, Исланд и Луксембург, а четири други држави кои не ја имаат потпишано ниту пак ратификуван, Андора, Франција, Монако и Турција, да ја потпишат или ратификуваат што е можно побрзо и без воздржаност и изјави во договорот. ПССЕ притоа изрази „жалење што е направен навидум безначаен напредок направен тогаш од овие држави на патот на ратификацијата.”

Парламентарците од земјите членки на Советот на Европа, притоа подвлекоа дека целосната ратификација на Рамковната конвенција е важно средство за промовирање на целосно и еднакво учество на сите членови на општеството за унапредување и заштита на разновидноста на културите и јазиците во Европа и за обезбедување на стабилност, демократската сигурност и мир на континентот.

Исто така, ПССЕ, потсети дека ратификацијата на Протоколот број 12 на Европската конвенција за човекови права и целосно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со правата на припадниците на националните малцинства ја зајакнува заштитата на правата на припадниците на националните малцинства, без разлика дали овие малцинства се признати како такви или не.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска