САД почнаа со повлекувaње дипломати од Венецуела

Од:

Стејт департментот нареди дел од вработените на американската влада да ја напуштат Венцуела, само ден откако Вашингтон го призна опозицискиот политичар Хуан Гуаидо за нов венецуелски претседател.

– Тој чекор го преземаме врз основа на нашите моментни проценки за безбедносната ситуација во Венецуела. Затворањето на амбасадата не е во план, пишува во соопштението на Стејт департментот.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со САД и им даде на вработените во дипломатските претставништва рок од три дена за да ја напуштат државата. Трамп во средата го призна опозицискиот претставник Хуан Гуаидо за нов претседател на таа држава.

Американската Влада во Каракас соопшти дека на дел од персоналот му е укажано дека мора да ја напушти Венецуела, и дека американски државјани треба „сериозно да размислат“ за посета на таа држава. Меѓу САД и Венецуела се уште има комерцијални летови.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД