САД бараат итна седница на Советот за безбедност на ОН за Венецуела

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео побара за в сабота да се закаже итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на случувањата во Венецуела, соопшти денеска амбасадорот на Јужна Африка при ОН.

Претседателот на Парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо синоќа се прогласи за привремен претседател и положи заклетва. Веднаш по тој потег, американскиот претседател Доналд Трамп го призна официјално Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела. Трамп ги повика и другите западни влади да го признаат Гуаидо и најави продолжување на притисокот врз Каракас.

Поради тоа, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро соопшти дека ги прекинува дипломатските односи со САД и им даде рок од 72 часа на американските дипломати да ја напуштат Венецуела. Мадуро ги обвини опозицијата и САД дека се обидуваат да извршат државен удар и да донесат на власт марионетска влада.

Гуаидо, реагирајќи на тоа, ги повика сите западни амбасади да не ги почитуваат барањата на Мадуро и да не ги повлекуваат своите дипломати, а Вашингтон соопшти дека ќе ја игнорира наредбата на Мадуро, наведувајќи дека тој нема овлстувања да ги прекине дипломатските односи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас