Папата Франциско на новинарите кои патуваат со него во Панама, им изјави дека планира во ноември да ја посети Јапонија.
Претходно тој изјави дека сака да отпатува во Јапонија, но денеска во авионот првпат потврди дека таа посета ќе се реализира.
Папата исто така рече дека сака да го посети и Ирак, но дека локалните црквени власти му порачале дека безбедносната состојба се уште не е поволна за тоа.
По Панама, каде што ќе присуствува на Светскиот ден на младите, планирани се негови посети и на Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Бугарија и Македонија, во првата половина од годинава.
За втората половина, можно е папата да го посети Мадагаскар.