Чешките пратеници гласаа за укинување на доживотниот имунитет

Од:

Имунитетот на чешките пратеници и судии на Уставниот суд најверојатно нема веќе да биде доживотен, туку само додека трае нивниот мандат, јави дописникот на МИА од Прага.

Таквата Предлог-уставна измена ја прифати мнозинството на чешкиот Парламент денеска. За предлогот гласаа 148 пратеници, а петтмина беа против.

За уставните измени останува да се изјасни и Горниот дом на чешкиот Парламент, Сенатот.

Минатата година, идентичен предлог за ограничување на имунитетот не помина на сенаторската седница, поради отсуство на повеќе сенатори.

Според актуелните правни прописи, против пратеникот може да биде покрената кривична постапка доколку тоа го овозможи Долниот дом на Парламентот.

Доколку тоа не го прифатат пратениците и го отфрлат предлогот за предавање на осомничениот пратеник на Обвинителството, кривичното гонење е запрено засекогаш.

Предлог-измените кои денеска беа усвоени, овозможуваат покренување кривична постапка и по завршувањето на функцијата на народниот избраник и во случај тоа да не го одобри Собранието. Истото важи и за судиите на Уставниот суд на Чешка.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица