Општина Кисела Вода за дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки кои се под нејзина надлежност обезбеди 2500 маски кои ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето.
За таа цел, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ денеска во ЈДГ „8 – ми Март“, во објектот „Расадник“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух. Шимиќ на дечињата им објасни како и зошто треба да ги носат истите. Додека, секретарот на Општината, Александар Алексовски заштитни маски им подели на децата во ЈДГ „Весели Цветови“, во објектите „ Мимоза“ и „Синоличка“.
Воедно, локалната самоуправа обезбеди и 500 маски за возрасни лица кои ќе бидат поделени при зголемено загадување на амбиенталниот воздух. Доделувањето на маските е дел од мерките кои Општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на своите жители.
Општина Кисела Вода водејќи грижа за здравјето на најмладите минатата година обезбеди прочистувачи за воздух за сите објекти на двете јавни детски градинки „Весели Цветови“ и „8 – ми Март“.