Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода

Од:

Од денес, на веб порталот на Општина Кисела Вода, почнува да функционира еко канал. Истиот ќе понуди едукативни текстови поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина, справувањето со еколошките ризици, заштитата на природата, водите почвата, управувањето со отпадот, аерозагадувањето, климатските промени и слично. Ќе можат да се добијат и известувања за конкретните активности на Одделението за заштита на животната средина при Општина Кисела Вода кое е во рамките на Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

„Содржините кои од денес ќе ги нуди овој еко канал се почетна платформа за неговиот планиран лик и функционалност.

Се надеваме дека преку соработката со другите надлежните институции од областа на животната средина, како и преку бројните предлози и идеи од граѓаните, истиот ќе прерасне во информативна самостојна веб страница како за жителите на општина Кисела Вода, така и за жителите на Скопје“, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода