Како што наближуваат изборите, така одредени кандидати сакаат да прикажат преку наместени анкети и преку одредени медиуми дека се најприфатливи и со најголема поддршка од гласачите.
Деновиве ќе има анкети дознава „А1он“ на која се местат и се штимаат резултати во корист на еден кандидат, а со цел да добие партиска поддршка за претстојните претседателски избори.
Според досегашните интерни анкети во СДСМ, според информации на „А1он“, убедливо на првите позиции се Стево Пендаровски и Оливер Спасовски. Многу помала поддршка имаат Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Пендаровски дополнително имал поддршка од албанските гласачи. Според информации од партијата, членството е за кандидат кој е од СДСМ и кој би бил прифатлив за албанското гласачко тело.
Анкетите, последниве години се покажаа повеќе како средство за манипулација пред изборите и штимање на посакуваниот резултат за солидна заработка. На тоа укажува фактот дека минатата година големи беа промашувањата за исходот од референдумот.
Анкетата што за Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја направи агенцијата „М-проспект“ во периодот од 24 јули до 1 август, 2018 година покажуваше дека одѕивот на референдумот ќе биде високи 66,4 отсто, со 41,5 отсто „за“ и 35,1 отсто против.
МЦМС објави дека мнозинството граѓани ќе излезат на гласање и еден месец подоцна, на почетокот на септември. Одѕивот, оваа анкета покажуваше дека ќе биде 57,8 отсто, а 70 отсто од испитаниците рекле дека ќе гласаат „за“.
Далеку од реалните бројки за референдумот се и оние на Институтот за политички истражувања од Скопје кои покажаа дека 43,2 отсто ќе гласаат „за“, а 22 отсто „против“. И оваа анкета беше спроведена во периодот од 6 до 10 август.
Во август висок одѕив од 63 отсто на референдумот предвиде и анкетата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студи ИФИМЕС од Љубљана.
И Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на крајот на август објави анкета со висок процент на поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Нивната анкета покажуваше дека 49 отсто од испитаниците ќе гласаат за предложената измена, а 22 отсто против. Како што е познато, референдумот немаше излезност ниту од 40%.
Агенцијата Брима Галуп која се прикажува како реномирана агенција и член на светски познатата агенција ТНС, извади хаотична анкета за изборите во 2016 година. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ требаше да има водство од 11,1% пред СДСМ, што беше за дури 9,73 % различно од официјалните резултати на ДИК, односно разликата помешу двете партии нешто поголема од 1%.