СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е навикната да им се заканува и да им диригира на обвинителите и судиите како да работат

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на Сваровски судството е навикната да врши притисоци, да им се заканува и да им диригира на обвинителите и судиите како да работат како што тоа го правеше за време на 11 годишното криминално владеење.

Таквото време на притисоци, закани, уцени, нарачани предмети и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, обвинителствата, судовите работат професионално во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Секој што постапувал незаконски ќе одговара за своите постапки, никој не е и нема да биде над правдата.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски треба да престане со заканите и да ги остави обвиителските и судските органи да ја вршат својата работа професионално, независно и ослободени од секакви притисоци“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација