Московски суд одлучи осомничениот за шпионажа Велан да остане во притвор

Од:

Американскиот државјанин Пол Велан, кој беше уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, останува во притвор, одлучи денеска московски суд.

Поранешниот маринец од Мичиген, Велан, кој беше уапсен на 28 декември минатата година, бараше да биде пуштен со кауција.

Адвокатот на Велан, Владимир Жеребенков претходно изјави дека може да потврди дека во „времето на притворање, Велан имал имал некои документи со државни тајни“, додавајќи дека „не може да објави детали“.

Во Русија за обвиненија за шпионажа е предвидена затворска казна до 20 години.

Братот на Велан изјави дека тој отпатувал во Москва за да присуствува на свадба.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина