Притвор за жител на село Стојаково за неовластено производство и пуштање во промет на марихуана

Од:

Триесетдневен притвор доби 48-годишно лице од село Стојаково откако при претрес во неговиот дом, на 30.10.2018 година, била пронајдено околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса.

Основното јавно обвинителство во Велес донесело наредба за спроведување истражна постапка против него поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 година било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса. Пакувањата биле пронајдени во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите. Претресот бил извршен од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гевгелија, по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвнинителство.

Ценејќи го фактот дека се исполнети законските основи, а имајќи ја предвид и висината на запретената казна за предметното кривично дело, фактот дека осомничениот повеќепати е осудуван за ист вид на кривични дела, како и можноста тој да влијае врз сведоци, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесел и предлог за определување притвор за осомничениот.

Предлогот, како што велат од Обвинителството, е прифатен и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он