Високата претставничка за надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека контакт групата на ЕУ за Венецуела би можела да почне да работи од февруари, јави дописничката на МИА од Брисел.
Говорејќи на прес конференција, Могерини рече дека „во следните недели, да се надеваме во февруари“ ќе биде оперативна оваа контакт група. Могерини нагласи дека ситуацијата во Венецуела се влошува.
Контакт групата на ЕУ во Венецуела има за цел да воспостави дијалог помеѓу власта на Николас Мадуро и опозицијата во земјата.
ЕУ не го признава изборот на Мадуро, но сака да ги остави отворени сите комуникациски канали.
Амбасадорите на ЕУ во Каракас имале средба со Мадуро и со опозициските партии, но без значајни резултати.