Пуштен во употреба реновиран дел од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Од:

Комплетно реновиран дел од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е пуштен денеска во употреба, соопштуваат од Министерството за здравство.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, изјави дека станува збор за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и бањи за пациентите, подовите, водоводната и електричната инсталација, како и осветлувањето. Воедно, истакна дека поради намалените просторно-технички услови, кои се настанати од реконструкцијата, клиниката работи со намален капацитет.

Од утре стартува и втората фаза од реконструкцијата со којашто ќе се опфатат и останатите оддели при Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Се очекува на почеток на март, годинава, да биде завршена комплетната реконструкција на клиниката.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска