Минимално зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош – до 120 дневно

Од:

Минимално зголемување на бројот на повици дневно се регистрираат во Итната медицинска помош (ИМП) во Скопје во овој период кога преовладува променливо време, кога има голема влага и загадување во воздухот, како и промени во воздушниот притисок. Дневно во ИМП има до 120 повици, а граѓаните најчесто имаат симтоми на малаксаност, замор, вртоглавица, промени во притисокот…

– Зголемен е бројот на повици, но е толку драматично за да е алармантно. Се јавуваат со различна симптоматологија, со кардиоваскуларни и со белодробни заболувања, со хипертензии, односно со секаков тип проблематика, што е стандардно во Итната медицинска помош, изјави за МИА денеска раководителот на Службата за Итна медицинска помош во Скопје, Милица Бубало.

Таа нагласи дека хронично болните навреме треба да ја земаат терапијата, што им е пропишана од лекарите. Повеќето од нив, посочи таа, знаат дека кога немаат голема потреба не треба да излегуваат надвор кога е загадувањето на воздухот е зголемено и кога има магла.

– Кога има зголемено загадување на воздухот трпи кардиоваскуларниот систем, се губи здив, се јавува отежнато дишење…Поретко треба да се проветруваат просторите, треба да се користат заштитни средства како распрскувачи на воздухот, а пациентите редовно да пијат терапија и да ги почитуваат препораките од нивниот матичен лекар, додаде Бубало.

Би можело да ве интересира

Жешкото време носи повеќе здравствени проблеми: Итната медицинска помош со рекорден број повици

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он