Поранешен министер во владата на Берлускони осуден на четири години затвор за корупција

Од:

Рафаеле Фито (43), поранешен министер и еден од водечките кандидати на партијата на Силвио Берлускони на парламентарните избори во февруари денеска е осуден на четири години затвор за корупција и други кривични дела, пренесе ДПА.

Фито од 2008 година беше во конзервативната влада на Берлускон како министер за регионална управа. Тој во моментиов е најдобриот кандидат на конзервативната партијата Народ на слободата, за изборите закажани за 24 и 25 февруари.

Тој се уште ќе може да учествува на изборите доколку осудата биде обжалена.

Фито најави дека неговите планови ќе ги соопшти во текот на денот.

Судот во Бари пресуди дека Фито за финансирање на својата кампања во 2005 година од еден бизнисмен земал мито од 500.000 евра како награда за помошта при тендер во периодот од 2000 до 2005 година кога бил регионален министер на Апулија.

Бизнисменот Џианпаоло Абгелучи беше осуден на 3,5 години затвор.

Фито е парламентарец од 2006 година.

Силвио Берлускони изјави дека „големата рака на судството влезе во изборната кампања“, имајќи ги предвид Фито и Роберто Формигони, гувернерот на заминување на Лобардија, кој вчера беше обвинет за корупција, пренсува ДПА.

МИА

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски