Прочистувачи на воздух во сите училници во 23-те средни скопски училишта

Од:

Во секоја училница од 23-те средни скопски училишта во изминатиот месец е поставен прочистувач на воздух, односно вкупно 572, за што Град Скопје инвестираше околу 11 милиони денари.

-Тргнувајќи од фактот дека учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории и дека таа млада популација е движечка сила на општеството, Градот ги набави прочистувачите на воздух. Средношколците заслужуваат да учат во подобри услови и затоа се инвестира во секој сегмент од нивното образование, се создаваат можности за непречено функционирање во училишниот систем и се создаваат услови за унапредување на квалитетот на образовниот процес. Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец, соопшти Град Скопје во пресрет на почетокот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година.

Би можело да ве интересира

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје

Во амбуланта почина 36-годишна жена од скопско Кадино

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици