Австријката Рамона Зиберхофер е победничка на денешниот спуст од Светскиот куп возен во италијански Кортина д’Ампецо.
За 27-годишната скијачка ова е втора во нејзината кариера во Светскиот куп.
Зибенхофер патеката ја мина со време 1.36.22 минута.
Второто место е за Никол Шмидхофер, исто така од Австрија со време 1.36.26.
На победничкиот подиум се искачи и словенечката скијачка Илка Штухец – 1.36,73.
Во поредокот за спуст прва е Шмидхофер со 328 бода, Зибнехофер има 320, Штухец 318.