Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ го претстави новиот „Голф Р кабрио“, со 265 коњски сили и максимална брзина од 250 километри на час.
Голф Р кабрио е опремен со 2,0 литарски мотор, што испорачува 265 коњски сили преку стандарден шестстепен менувач, на предната оска. Брзината е електронски ограничена на 250 километри на час, додека забрзувањето од 0 до 100 километри на час го постигнува за 6,4 секунди.
Покривот на Голф Р кабрио се спушта за 9,5 секнуди и крева за 11 секунди при брзина до 30 километри на час.
Голф Р кабрио во продажба ќе се најде од пролет со цена од речиси 45.500 евра, додека цената на стандардниот Голф кабрио ќе се движи околу 25.000 евра.
МИА