Бошњаковски: Алатката за отчетност на министрите ќе биде ажурирана

Од:

Алатката за отчетност на трошоците на функционерите ќе продолжи со ажурирање, велат од Владата, откако вчера објавивме дека оваа алатка работеше само три месеци, а веќе осум месеци нема објавени нови податоци за тоа колку потрошиле премиерот и министрите за хотелски сместувања, авионски карти, мобилни телефони, ресторански услуги, дневници за патувања.

Од Владата велат дека на седницата минатиот месец се задолжиле премиерот, министрите, замениците на министрите, министрите без ресор, државните секретари и генералниот секретар до 31 јануари да ги подготват финансиските и наративните извештаи за новиот шестмесечен период (01.06.2018 – 30.11.2018).

„Податоците за третото шестмесечје ќе бидат јавно објавени и достапни за граѓаните до крајот на месец февруари. Процедурата за објавување на трошоците се спроведува после истекот на на секои следни шест месеци и подразбира прибирање информации, подготовка на табели во форма која е разбирлива за јавноста и нивна објава“, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Владата, додавајќи дека „алатката ќе продолжи да ги прикажува трошоците на носителите на јавни функции, како придонес кон транспарентноста и отвореноста на Владата“.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада