Во Гана убиен новинар кој истражувал корупција во фудбалот

Од:

Новинарот на тајна задача Ахмед Хусеин Суале, кој истражувал корупција во фудбалот, убиен е во средата во предградие на главниот град на Гана, Акра.

Хусеин-Суале е убиен откако еден пратеник повика на освета против новинарот.

Непознати мажи на мотоцикли трипати пукале во новинарот, кој беше дел од истражувачката група „Окото на тигарот“.

Хусеин-Суале додека беше на тајна задача објави текстови кои доведоа до укинување на Фудбалскиот сојуз на Гана.

Би-Би-Си во 2018 година сними докумнтарен филм за скандалот, откако доби пристап до истрагата што ја водеше контроверзниот новинар Анас Аремајав, кој раководи со „Окото на тигарот“. Откако Би-Би-Си го емитуваше филмот, пратеникот во Парламентот на Гана, Кенеди Агјапонг објави фотографија од Хусеин-Суале и повика на освета против новинарот.

– Доколку дојде овде, претепајте го. Што и да се случи, јас ќе платам, изјави тогаш Агјапонг.

Анас на социјалните мрежи објави дека нема да го замолчи убиството на член на неговиот тим.

Хусеин-Суале соработувал и со Би-Би-Си, меѓу кои и на сторијата за продажба на делови од човечки тела за ритуална магија на Малдиви.

Насилството врз новинарите во Гана е ретко. Меѓународното здружение на новинари наведува дека последен пат во Гана убиен е новинар во 2015 година. Додека во текот на 2017 година ширум Африка убиени се осум новинари.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана