Најголемиот француски прозиводител на автомобили, групацијата „Пежо Ситроен“ (ПСА), соопшти дека во 2012 година забележал рекордна нето загуба од пет милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.
Загубата на ПСА се објаснува со неговата зависност од европскиот пазар на автомобили, кој е во тешка криза, како и со намалување на вредностите на активата на групацијата за околу 4,7 милијарди евра.
Оперативниот резултат на работењето на групата исто така е негативен со загуба од 1,7 милијарди евра, а вкупниот промет на ПСА е намален за 5,2 отсто на 55,4 милијарди евра.
ПСА минатата година оствари загуба од три милијарди евра, но раководството на групацијата планира урамнотежување на сметките во 2014 година.
Француската држава според инфромациите кои доаѓаат од Владата во Париз, не планира национализација на фирмата.
МИА