Пет менаџери на „ДеПуја“ обвинети за корупција

Од:

Грчките обвинители подигнаа обвиненија против пет менаџери на „ДеПуја“, филијала на американската компанија „Џонсон и Џонсон“ поради корупција за време на набавките за државните болници преку таа фирма.

Петте менаџери се обвинети за мито и перење на пари во рамките на договорот склучен во периодот од 1998 до 2006 година.

Имињата на менаџерите не се објавени. Тие се обвинети дека им платиле повеќе од 16 милиони евра на грчките лекари за да ги промовираат производите на  „Џонсон и Џонсон“. Осум лекари од државните болници, воглавно ортопеди, веќе се формално обвинети за земање  на мито и перење на пари во истиот случај.

МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент