СДСМ: Законот за јазици е во согласност со амандманите на Уставот од 2002 година

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски продолжува да сее омраза и поделби меѓу граѓаните со што дејствува против концептот едно општество за сите.

Лажна е веста на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се вработуваат дополнителни лица од албанска или каква било националност во државните институции. Согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, ќе биде формирана Централна агенција којашто ќе ги опслужува општините и институциите во населените места каде што мнозинството граѓани се Македонци.

Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2002 година и истиот не ја влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.

Владата на Република Македонија го заштити и обезбеди македонскиот јазик засекогаш, тој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат и тој ќе се употребува во најголемите западни сојузи како што се ЕУ и НАТО и ќе биде рамноправен со јазиците на останатите земји членки.

Македонците и сите граѓани на Република Македонија да бидат спокојни и да ја одбијат омразата што ја шири ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се гради како едно општество чекори кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО и нема да успеат да го блокираат напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани.

Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ставија крај на поделбите, крај на блокадите и одбраа иднина во НАТО и ЕУ како општество на еднакви граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат