Македонија веднаш да ги депортира назад во Косово, бегалците кои во 1999-та година дојдоа и до останаа овде, бара ТМРО.
„Над 1.100 Косовски Роми 13 години се на товар на македонската држава, иако војната на Косово е одамна завршена,а постојат сите услови за нивно враќање.
– Понатамошното нелегално останување на бегалците во Македонија е спротивно на сите меѓународни норми и Македонија треба да постапи така како што би постапила и како што постапија сите нормални европски држави. Нелогично е во ваква економска криза, од која се погодени македонските државјани, Република Македонија да троши финансиски средства за странски државјани“, рече претседателот на партијата Ванчо Шехтански.