Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена ревијалната „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени дела на 106 автори од цела Македонија.
Уметничкиот совет на ДЛУМ по повод Годишната изложба доделува признанија од областа на ликовната уметност од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.
Оваа година изложбата ќе се одржи на две локации. Отворањето ќе биде во Музеј на Град Скопје, каде предвидено е да се обрати Владимир Ѓеорѓиевски. Потоа посетителите ќе имаат можност во Домот на Армијата да ја проследат поставката на делата.