Понеповолни состојбите во преработувачката индустрија

Од:

Економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија според оценката на нивните раководителите во декември 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на декември 2017 година.

Нивната оценка за состојбата за обезбедност на производството со порачки во декември 2018 во однос на ноември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, залихите на готовите производи се намалени во однос на ноември 2018 година, а се очекува и бројот на вработени да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2018 година изнесува 68,8 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 28,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 14,7 отсто, недоволната странска побарувачка со 14,6 отсто и неизвесното економско опкружување со 10,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата