Прометот во индустријата во 11-те месеци од 2018 година бележи раст од 16,1 отсто во однос на тој период претходната година. Раст од 15,1 отсто забележан е и во ноември 2018 во однос на ноември 2017 година, додека во однос на октомври 2018 има намалување од 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,8 отсто, капитални производи за 27,5 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 отсто.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2018 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 98.4, додека во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, изнесува 113.
Прометот на индустријата на домашниот пазар во ноември 2018 во однос на ноември 2017 година белеќи пораст од 4,2 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто, капитални производи за 21,8 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2018 година, во однос на октомври 2018
година, бележи намалување од 1,5 отсто, додека во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, бележи раст од 2,1 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи раст од 18,8 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 12,6 отсто, капитални производи за 27,9 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2018 година, во однос на октомври 2018
година, бележиу пад од 1 отсто, додека во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, пораст од 16,1 отсто.