Ципрас го извести парламентот за Вербалната нота и го повика Мицотакис на ТВ дуел за Договорот од Преспа

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Парламент, кусо пред гласањето доверба на владата, ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа.

Ципрас рече дека во добиениот текст, “соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно појаснуваат: прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанство и второто што го појаснуваат е дека македонски јазик признат од 1977 година припаѓа на словенската група јазици”.

Грчкиот премиер во неговиот говор му се обрати на лидерот на Нова демонратија Киријакос Мицотакиси го повика на дуел за Договорот од Преспа или во парламентот или на некоја телевизија.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната